ENGAGE 2020 во МКЦ – следете ја конференцијата во живо

Во просториите на Младинскиот културен центар напладне започнува Конференцијата за социјален активизам ENGAGE, која оваа година Радио МОФ ја организира по деветти пат.

Говорници на ENGAGE во кино Фросина се: Алина Афлекаилор од Greenpeace; Сара Мардини, активистка за човекови права и обучен спасувач; Катарзина Прускиевич, новинарка која во Полска разоткри фарма на тролови на Твитер; Микал Вознијак, хакер и активист кој ќе зборува како технологијата влијае на иднината на демократијата; Дан Лахав, дебатер и компјутерски инженер; Антонио Михајлов, Skopje PRIDE; Горан Кунгуловски, доктор и био-инженер; Бесиан Мехмети, архитектот на ОУ „Киро Глигоров“; Кирил Пржо Арсовски, биолог и еколог, Калиа Димитрова и Ена Бендевска, од Медуза и Фејми Даут од Медена Земја.

На младинската сцена ENGAGE Youth во горното фоаје на МКЦ, говорници се: Тимот Андромета, кои ќе зборуваат за креирањето на апликацијата SpeakOut; Сашо Јандрески, средношколец кој измисли уникатен медицински шприц, Рита Бехадини, активистка која самостојно покрена акција за собирање на школски прибор за деца од помалку имотни, Иван Мицков од coolinari.mk кој ќе зборува за иновативната можност за промоција и запознавање со средношколците кулинари и Кариерен Центар од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ кои ќе зборуваат за концептот на кариерните центри применет во пракса и можноста за себе-пронаоѓање и дружба .

Со ENGAGE ќе се одбележат девет години постоење и работа на Радио МОФ во областа на младинското информирање. Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, нуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.

За оние кои нема да успеат да присуствуваат на конференцијата е обезбеден пренос во живо на engage.mk или преку Фејсбук страницата на Радио МОФ.