Огромни слики на загрозени видови синоќа беа прикажани на една од најголемите згради во светот за да се подигне свеста за нивното потенцијално масовно изумирање и да инспирира глобална акција за нивна заштита.
Овој потег доаѓа по националното негодување поради смртта на заштитениот лав во Зимбабве, кој беше застрелан од стоматолог во Минесота, додека двајца од Зимбабве се обвинети за помагање на стоматологот Walter Palmer да го намамат и убијат лавот именуван како Cecil .
Шефот на Сафари асоцијацијата изјави дека убивањето на лавот било неетичко и дека не може да се класифицира ниту како лов, бидејќи лавот бил незаконски намамен во зоната за убивање.
Вчера првично беше објавена веста дека и братот на лавот Cecil бил застрелан и убиен, но неколку часа подоцна, истражувачот кој го следел претходно Cecil изразил сомнеж дека неговиот брат Jericho е мртов.
Оваа акција беше направена од режисерот и основач на Здружението за заштита на океаните, Louis Psihoyos и актерот и продуцент Fisher Stevens.