Suburbana

Suburbana е емисија во која ќе можете да ги слушнете најновите изданија од светот на електронската музика, пресликани во етерот преку модерните techno звуци. Секоја среда од 23ч до 1ч во првиот час низ ова патешествие ќе ве води дуото Shaded Route, додека пак во вториот дел ќе имате можност да слушнете гостински миксови од голем број на домашни и странски дџ-и.