Алтер Его

Алтер Его е второто „јас“ на Филип Поповски, или поточно неговата емисија посветена на алтернативната македонска музичка сцена. Филип посветено им дава простор на помалку познатите млади музичари носејќи ги во студиото на Радио МОФ и отворајќи интересни дискусии. Емисијата може да ја слушате секој втор петок од 19 часот.

Во продолжение, преслушајте ги досегашните епизоди на Алтер Его.