Емин Аземи и Марина Костова добитници на наградата „Мито Хаџи Василев- Јасмин”

Новинарите Марина Костова и Емин Аземи се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, највисокото државно признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

На Костова ќе ѝ се додели наградата за остварување во областа на публицистиката, додека на Аземи за остварување во областа на новинарството.

Наградата ќе биде врачена на 21 декември во Собранието на Република Македонија.