Емилија Баткоска e избрана за в.д. студентска правобранителка на УКЛО

Емилија Баткоска, студентка во втора година на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е избрана за в.д. студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Таа беше избрана од страна на Сенатот, по предлог на Универзитетското студентско собрание на УКЛО.

Студентскиот правобранител постапува по поднесок – Барање на студент и/или група студенти во случај кога станува збор за повреда на студентските права кои се во согласност со Законот за високо образование, Статутот на Универзитетот, Статутот на единицата и други акти, стои во описот на нејзината функција.

„Во периодот што следува, како и досега, доколку некое Ваше право е прекршено од страна на надлежните органи во Универзитетот, во било кој момент, Ве охрабрувам, да се обратите на следната мејл адреса: studentski.pravobranitel@uklo.edu.mk или на оваа страна“, напиша таа на Фејсбук страницата на студентскиот правобранител.

Баткоска доаѓа на местото на Бојан Петровски, чиј мандат предвремено заврши откако по неговото дипломирање го изгуби статусот на редовен студент.