Еми 2016: Game of Thrones го сруши рекордот на најголем број награди

Драма серијалот на НВО, Game of Thrones триумфираше во три категории на Еми наградите, кои се доделија минатата ноќ, меѓу кои и наградата за Извонреден драма серијал.

Вкупниот број на награди кои серијалот ги има освоено до денес е 38, што значи дека го сруши претходниот рекорд на Frasier, кој има вкупно 37 Еми награди.

Од вкупно 24 номинации, GoT доби 12 награди, меѓу кои и за најдобро сценарио и режија за епизодата „The Battle of the Bastards“.

Рами Малек, ѕвездата на Mr. Robot, ја доби наградата на Извонреден машки актер во драма серијал, што е прв пат актер од малцинство да ја освои наградата од 1998 година, а наградата за Извонредна женска улога во драма припадна во рацете на Татјана Маслани од Orphan Black.

Дамата Меги Смит ја доби наградата за Извонредна споредна женска улога за драма серијал, за нејзината улога како Вајолет Кроули во Downtown Abbey по трет пат.

Veep ја доби наградата за Извонредна комична серија втора година по ред, а Џулија Луи-Драјфус ја доби наградата за најдобра женска улога за истото шоу.

Џефри Тамбор по втор пат ја доби наградата за Извонреден актер во комична серија, за улогата на трансполова жена во Transparent.

Наградата за најдобро ток-шоу Џон Оливер ја доби наградата за најдобро ток-шоу, за Last Week Tonight.