Елвис Шаќири: Младите се надежта за мир и просперитет на Европа

На овогодинешното свечено доделување на дипломи за успешно завршување на образовниот циклус во рамки на Централно Европскиот Универзитет, студентот Елвис Шаќири одржа говор пред 600 останати колеги од 80 различни држави, меѓу кои и Македонија.

Неговиот говор испраќа порака до сите кои што се залагаат за заштита на човековите права, повикувајќи се на заеднички соживот, мир и стабилност.

Шаќири потекнува од Тетово и магистрира на правниот департмент – Човекови права при  Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Во 2010-та дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово. Претходно има работено во неколку невладини организации чиј главен фокус се правата на Ромите.

Тој е еден од основачите на „Ромалитико“ –  академски медиум основан во 2013 година со цел критички да ги анализира политиките за Ромите во Република Македонија од областа на политиката, економијата, правото и родовите студии.

Во продолжение, погледнете го целиот говор на Шаќири: