Елиот Пејџ е првиот трансмаж на насловната страна на магазинот „Тајм“

Актерот Елиот Пејџ е првиот трансмаж кој се најде на насловната на „Тајм“ магазинот, во чии рамки е објавено и сведоштвото на канадскиот актер за неговото јавно „излегување од шкафот“ минатата година.

34 годишниот Пејџ, е познат по неговите улоги во „Инсепшн“, „ИксМен“, а во идното издание на „Тајм“ магазинот ќе се појави под мотото „Јас сум целосно тоа што сум“.

Во магазинот ќе биде објавено првото поопширно интервју со Пејџ кој минатата година откри дека е трансмаж.

„Очекував многу љубов и разбирање и многу на омраза и трансфобија. Токму и тоа се случи“, изјавил тој.

Актерот е познат и по неговата оскаровска номинација за улогата во „Џуно“, а во интервјуто за „Тајм“ зборува и за неговото детство и за тоа како се чувствувал како момче уште од мала возраст.

Пејџ во 2014 година јавно откри дека е геј. Истворемено, во своето интервју за „Тајм“ тој говори и за неговата операција – потег кој го опишува како нешто што комплетно му го променило животот. Пејџ ја отвора и темата за транс еднаквоста, како и ужасните стандарди на индустријата која има поставено јасни стереотипи за машкоста и женственоста.

„Екстремно влијателни луѓе шират митови и штетна реторика, скоро секој ден транс лицата сведочат како се дебатира нивното постоење. Транс лицата се реални“, истакнува Пејџ.

Насловната фотографија е дело на транс фотографот Вајн Нил, кој ја опишал фотографијата како „работна задача од соништата“.

„Го сакав ова и работев во остварување на оваа цел со години. Многу сум горд на Елиот и благодарен сум на постарите транс лица кои ризикуваа сè за овој момент да се оствари“, истакнал тој.

Пејџ ја постирал фотографијата и на неговиот „Инстаграм“ профил.

„Со голема почит за оние пред мене, со огромна благодарност за оние кои ме поддржаа и со голема загриженост за транс младината на која и треба заштита, ве молам да ми се придружите во борбата против анти-транс законодавната реторика, омраза и дискриминација во повеќе форми“, напишал тој во „Инстаграм“ објавата.

Извор: CNN