Како прв ментор на втората пред-акцелераторска програма наменета за ИТ стартапи, Сивус Инкубатор го најавува гостувањето на Елиот Адамс од Силиконската долина. Како и минатата година, во текот на октомври и ноември во Скопје ќе дојдат многу познати имиња од светот на претприемништвото.
Адамс има големо искуство во работа со претприемачи, пред сè како ментор на пред-акцелераторската програма на светски познатиот акцелератор Тechstars од Сан Франциско. Тој е предавач на Интернационалната бизнис школа Hult со седиште во Сан Франциско, каде соработува со претприемачкиот центар Nasdaq и е автор на книгата „The startup mixtape” која ќе ја промовира за време на неговото гостување во Македонија. Интересен податок е дека еден од стартапите во кој работел како директор за технологија (CTO) е продаден за 22 милиони долари во 2008 година.
Аплицирањето за пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор е се уште отворено, а само 10 стартапи ќе имаат можност да земат учество во овогодинешната програма. Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страницата на Сивус Инкубатор.