Електронски билети во приватните скопски автобуси од 1 јануари

Советот на Град Скопје го прифати барањето на приватните автопревозници и го одложи рокот за воведување електронски билети во скопските автобуси до јануари, идната година.

Одложувањето за инсталирање на системите за електронска наплата кај приватните автобуси се правда со големите материјални штети што овие автобуси ги претрпеа во поплавите во Скопје.

Рокот за почеток на функционирање на електронскиот систем на наплата во приватните автобуси се одложува за 01.01.2017 година.

Во автобусите на ЈСП пак хартиените билети ќе се укинат на први септември, но граѓаните сепак ќе може да купат билет кај возачот, со тоа што ќе им се издава фискална сметка.