Претседателот на Еквадор Ленин Морено во петокот ја посети Велика Британија и се состана со официјални лица за да го заврши договорот според кој заштитата на Асанж би била укината, по што ќе биде предаден на британските власти, пишува Гринвалд на својата веб-страница Интерсепт.
Асанж е во амбасадата на Еквадор од 2012 година, кога беше обвинет за сексуално злоставување во Шведска. Во амбасадата не може да биде уапсен.
Шведска во меѓувреме се откажа од обвинението, но Асанж верува дека ако тој ја напушти зградата, ќе биде екстрадиран во САД каде ќе биде сослушан во врска со активностите на Викиликс.
Извор близок до Министерство за надворешни работи на Еквадор за Интерсепт потврди дека договор за Асанж би требало да биде постигнат во следните неколку недели.