Екстремната десница станува се поголема закана, покажува Глобалниот индекс за тероризам

Петта година по ред, опаѓа бројот на жртви од тероризмот во светот, но, бројот на напади од екстремната десница се зголеми за 250 отсто, на ниво што не е видено во последните 50 години, покажува истражувањето на Глобалниот индекс за тероризам 2020 година, каде се проценува дека постои голема можноста пандемијата дополнително да го поттикне тој тренд, пренесува српски „Н1“.

Бројот на жртви од терористички напади ширум светот се намали за 15% во 2019 година, што е за 59% помалку од 2014 година, покажува истражувањето кое го објави Институтот за економија и мир (ИЕП).

Во истражувањето на ИЕП се наведува дека втора година по ред, опаѓа тероризмот на Блискиот Исток и Северна Африка.

Истражувањето ги анализира трендовите на глобалниот тероризам и во него е составена ранг-листа на земји за загрозеност од тероризам во 2019 година, според бројот на жртви и материјални загуби.