Екстерното тестирање останува, пратениците од власта гласаа против укинување

Парламентарното мнозинство синоќа гласаше против предложените измени во Законите за основно и средно образование поднесени од опозициските пратеници на СДСМ кои, меѓу другото, бараа укинување на екстерното тестирање.

Според опозицијата, по воведувањето на екстерното тестирање состојбите во образованието не се подобриле, туку се влошиле. За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, воведувањето на екстреното тестирање е дел од реформите насочени кон подобрување на квалитетот на образованието.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се согласни да се разговара за подобрување на моделот на екстерното тестирање, но не и за укинување.
Извор: 24 Вести