Експлозија на урбаната младинска култура во Мексико

Во град во кој половина од населението е помладо од  25 години, културата на младите се среќава насекаде. Среде турканицата на пазарот Ел Чопо во Мексико Сити илјадници луѓе се привлечени од бендови кои изведуваат во живо и од интересната мешавина од мода и ставови.

Експлозија на урбаната младинска култура во Мексико

Даниел Фернандез е мексиканско-американски писател кој пишува за културата на младите овде, откако се досели од Калифорнија пред шест години.

„Мексико Сити e меѓу вториот и третиот најголем град на светот, а таквата големина и обем им овозможуваат на младите да прават што сакаат“, вели Фернандез.

Експлозија на урбаната младинска култура во Мексико„Во ваков вид на раздвижена, енергетска, во некои случаи и насилна и тешка или предизвикувачка урбана средина, можат да се случат различни нешта… во тие тензични места кои постојат меѓу младиот човек и градот, младиот човек и соседството ,младиот човек и семејството, младиот човек и училиштето… тоа едноставно е големо, големо место. “

За разлика од неговиот дом во САД каде културата на младите во најголем дел е апсорбирана од менјстримот, Даниел Фернандез  вели дека отпорот кон власта овде сè уште е од суштинско значење за многубројните мексикански племиња кон кои се привлечени младите.

„Во 1980-тите полицијата  навистина насилно ги репресирала различните форми на таквиот вид на културно изразување преку музиката, поп-рок, готик, скинхед движењето, ска движењето, сето тоа сè уште преживува, да се биде панкер сè уште е начин на давање отпор.“

Неодамнешните промени во политичкото лидерство во земјата  предизвикаа брзо зголемување на отпорот на младите. Ендемичната корупција, долготрајната борба против мексиканските картели на дрога и длабоките економски проблеми и  диспаритети се во фокусот на последователните протести.

Марта Аристизабал, студент активист: „Мислам дека сум оптимист, затоа што секоја промена ќе дојде за околу 10 години и ние ќе бидеме дел од таа промена, од таа иднина. Можеби јас и другите кои работиме на ова движење и го гледаме Мексико сега, во иднина ќе видиме подобро Мексико.“

Се вели дека таканаречената „младинска експлозија“ во Мексико ќе стане сè погласна и сè поголем предизвик во следните години, како што бранот на урбанизацијата сè повеќе ги шири границите на овие градови.

Експлозија на урбаната младинска култура во Мексико„Тоа создава добра култура, токму тие предизвици и мислам дека тоа им дава на децата добри начини за да се изразат себеси  и да го направат тоа со живост, виталност и чувство на итност. Мислам дека тоа е една од главните разлики, тешко е да се живее тука и тоа создава добра младинска култура.“

Секој викенд во изминатите 30 години илјадници панкери, скинхеди и готици, се собираат на пазарот Ел Чопо во Мексико Сити. Тоа е редовна средбана  палавите, урбани племиња на главниот град на Мексико.

Овој мега-град се наоѓа среде младинска експлозија и ја креираше една од најдинамичните улични култури во Латинска Америка.

Како што владата се бори со корупцијата, долготрајната борба со дрогата и економската нерамноправност, се забележува сè поголем отпор од младината на Мексико.

Извор: BBC

Превод: Ива Симоновска