Експертиза: Нацрт-законот за медиуми е спротивен на европските стандарди

Здружението на новинари на Македонија ја објави експертизата на нацрт-законот за медиуми изработена од британскиот медиумски правник Ритер Норландер. Во анализата има сериозни забелешки за текстот на законот поради тоа што „добар дел од решенијата на законот се во спротивност со европските стандарди воспоставени од Советот на Европа“.

Експертиза: Нацрт-законот за медиуми е спротивен на европските стандарди

Британскиот експерт ја спори идејата за регулација на печатените и интернет-медиумите бидејќи „не е европски стандард да се пропише единствен регулаторен режим за реадиодифузните, печатените и интернет-медиумите. Овие три форми на медиуми имаат многу различни карактеристики и широко е прифатено дека за нив треба да се применуваат различни стандарди. “Треба да се оспори мудроста на обидот да се создаде единствен регулаторен режим за сите медиуми и идејата треба да се преиспита“, вели Норландер во анализата.

Експертот тврди дека составот и ингеренциите на Агенцијата за медиуми не се во согласност со европските препораки, кои инсистираат на принципот дека регулаторите тела мора да бидат независни од политичките интереси. Тој смета дека предложеното решение овозможува политичките интереси лесно да ја контролираат Агенцијата и затоа тој дел од законот треба да се ревидира. Според него, Агенцијата не треба да има можност да затвара медиуми, туку само да може да покрене судска постапка. Таквата потреба е уште поизразена особено ако Агенцијата биде контролирано од политичките интереси. За него е неприфатливо да се промени од корен радиодифузниот регулатор во време кога медиумската слобода во Македонија е во опаѓање.

Трета сериозна забелешка на експертот е предложената структура на Советот на МРТВ, која, ризикува да биде тешко исполитизирано. Тој тврди дека ваквото решение е во директна спротивност со европските стандарди за управување со јавните медиумски сервиси.

За МРТВ во анализата има сериозна забелешка и околу финансирањето. Според експертот, радиодифузната такса треба да биде реална и да е можно да се собере, ако се има предвид дека во минатото МРТВ имаше и има проблеми со обезбедувањето на одржливо финансирање.

Експертиза: Нацрт-законот за медиуми е спротивен на европските стандардиПравниот експерт го проблематизира и членот 4 од законот, кој  наметнува неколку принципи на издавачите на медиумите, кои иако се базирани на легитимна цел, се широко дефинирани и можат да бидат подложни на злоупотреби. Пример, барањето на медиумите да ја заштитат приватноста, без да дозволат никаков исклучок за јавен интерес, воспоставена од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и слободи.

ЗНМ смета дека „најдобро е законот да се повлече и Владата да предложи измени и дополнувања на Законот за радиодифузна дејност, за да се вгради Европската директива за аудиовизуелни услуги, а за се друго да се разговара во помирни времиња“.

Експертизата (ENG/МК) на законот е направена по барање на Здружението на новинарите на Македонија, во рамките на соработката со Холандската амбасада за техничка помош на ЗНМ.