Експертскиот тим на Европската Унија почна да ги врши проценките на штетите од невремето кое во саботата вечерта го погоди Скопје и околината, информираше денеска евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав.
Како што објави МЕТА, експертите беа испратени, откако Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита.
Today, EU experts assess the damage caused by the floods and support the civil protection authorities.
— EU Ambassador (@AmbassadorEU) August 9, 2016
Тимот покрај проценка на штетите, треба да им даде препораки на властите за цивилна заштита на национално и локално ниво околу санирањето на последиците.
Од Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопштија дека откако ќе се добие финалната листа на потреби од страна на надлежните институции ќе се достави дополнително барање до механизмот за цивилна заштита на ЕУ.