Експерти ќе расправаат за „Градење на ефикасен систем за превенција од природни непогоди“

Во Дипломатик салата на Скопски саем од 12 часот ќе се одржува тркалезна маса на тема „Градење на ефикасен систем за превенција од природни непогоди“.

Настанот е организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, а во дискусијата ќе учествуваат и професорите: Александар Трендафилов од Шумарски Факултет, Татјана Миткова од Земјоделски Факултет, потоа Ивица Милевски од Природно-математички факултет и Иван Блинков од Шумарски Факултет

Тркалезната маса се организира откако на 6 август Скопје и околината беа зафатени од страшно невреме со обилни врнежи. Од поплавата загинаа 23 граѓани, при што беа причинети материјални штети низ стотици домови, со уништена покуќнина, превртени автомобили, камиони, руинирани коловози… Поплавите отворија јавна дискусија околу одговорноста на надлежните институции, но и прашања дали и како би можело навреме да се реагира и спречат или намалат последиците од природните непогоди.

Она што може да биде актуелно на тркалезната маса се и вчерашните земјотреси во главниот град, при што илјадници вознемирени граѓани излегоа од своите домови, а некои во страв од повторно дрмање заминаа во своите викендички или кај пријатели и роднини.