Ексл Роуз официјално е нов пејач на AC/DC

Фронтменот на Guns n’ Roses, Ексл Роуз, ќе се придружи на турнејата Rock or Burst на австралиската група AC/DC, како главен вокал.

Во соопштение објавено на веб страницата на бендот, AC/DC му се заблагодарија на актуелниот фронтмен Брајан Џонсон за неговата досегашна работа со бендот, чиј оригинален пејач, Бон Скот, почина во 1980 година. На Џонсон му беше наредено да ја прекине турнејата од неговите доктори во март, бидејќи доколку не престане да пее може сосема да го изгуби слухот.

„Колку и да сакаме оваа турнеја да заврши како што започна, ја разбираме, почитуваме и поддржуваме одлуката на Брајан да престане со турнејата и да го зачува својот слух“, пишува во соопштението.

Роуз ќе ја преземе улогата на фронтмен за европската турнеја на бендот, која започнува со концерт на 7 мај во Лисабон, Португалија. Тој ќе настапува со AC/DC и на американската турнеја, за која датумите треба да бидат штотуку објавени.

Извор: Mashable