Еколошките организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина

Преку писмо адресирано до Премиерот Зоран Заев, единаесет еколошки организации бараат државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, да продолжи да ја извршува оваа функција и во иднина.

Еко-организациите во писмото велат дека Петровска била пример за државен функционер со интегритет и професионализам, која има големо искуство и знаење од областа на заштита на животната средина.

„Како еколошки граѓански организации кои долги години работат во секторот животна средина уверуваме дека г-ѓата Ана Петровска е докажан експерт во својата област која покажа дека можни се промени и подобрувања. Информациите за потенцијалната нејзина промена од позицијата, како активисти не’ вознемири и не’ запраша зошто успешниот кадар би се менувал, наместо да биде награден. Честопати изложувана на ризик и непријатност, демонстрираше интегритет и достоинство во критични ситуации. Нејзината замена ја гледаме како чекор назад за многу здрави процеси, кои почнаа да се одвиваат во Министерството по нејзина заслуга“, стои во писмото до Заев во кое апелираат Петровска да остане на позицијата.

Отвореното писмо го потпишале следниве организации:

  • ДЕМ- Движење на екологистите на Македонија
  • Здружение „Гоу Грин“- Скопје
  • Асоцијација Ајде Македонија- Скопје
  • Еколошко здружение „Здрава Котлина“ – Струмица
  • Еколошко здружение „Еко Долина“ – Ново Село
  • Граѓанска иницијатива „Скопје бара чист воздух
  • Здружение Извиднички Поречански Одред Крсте Јон- Струга
  • ЕД Еко-Рурал Пелистер с.Дихово Битола
  • ЕД Сапунчица с.Дихово Битола
  • ЗЗУЖС Еко-живот, Кавадарци
  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)- Северна Македонија