Еколошка организација доби „Архус столче“ во Советот на Општина Богданци

Еколошката организација „Полимат 13“ од Богданци доби „Архус столче“, односно, нивен претставник отсега ќе може да учевствува на седниците на Советот на Општина Богданци кога има отворени прашања поврзани со животната седница на дневниот ред на советот, објавија од организацијата на нивната Фејсбук страница.

Ваквиот потег доаѓа по одлуката која беше донесена на вчерашната седница на Советот, за вклучување и учество на граѓанскиот сектор при донесување на одлуки од областа на заштита на животната средина.

„Ова претставува една од алатките за примена на Архуската Конвенција на дело преку која претставникот на ‘Полимат 13’ учествува во консултациите и дискусиите на седниците на Совет, дава предлози и сугестии на членовите на Советот“, стои во нивната објава на Фејсбук.

 

На денешната седница на Совет на општина Богданци беше донесена одлука за вклучување и учество на граѓанскиот сектор при…

Posted by Polymath13-Bogdanci on Wednesday, December 16, 2020

Истовремено, одлуката, како што посочуваат тие, доаѓа по низа активности кои се спровеле во Богданци во изминатите шест месеци, односно, време во кое се спроведувал проектот „Архус столче“, чија цел, велат дека е подобрено управување со животната средина преку зајакнување на капацитетите на засегнатите страни за имплементација на Архуската Конвенција.