Еколошка нуркачка акција викендов во Охрид

Спелеонуркачки клуб Врело во рамките на своите активности, овој викенд, 03 и 04 јуни, ќе одржи еколошка акција за подводно чистење на на Охридското езеро, поточно на плажата „Св.Стефан“.

 Целта е да се допринесе во будењето на свеста кај граѓаните за значењето на заштитата и зачувување на чистотата на водите и заштитата на целокупната околина.

Под наслов „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата“, ова е втора од  предвидените десет акции за подводно чистење на водите, под покровителство на медицинската установа „Ремедика“.

Клубот ги повикува и сите оние кои се заинтересирани за заштита и зачувување на животната средина да се вклучат во акцијата, согласно со своите можности , во сабота од 12:00 часот и недела од 10:00 часот.