#ЕлкаМК е настан кој по четврти пат се организира на иницијатива на македонската твитер заедница и целта е да се подигне свеста кај граѓаните за важноста од селектирање на отпадот.
Оние кои сакаат да се вклучат во акцијата потребно е да го однесат рециклираниот материјал во сабота (26 декември) помеѓу 12 и 14 часот на следниве локации:
– Аеродром (пред ТЦ Бисер)
– Универзална сала
– Капиштец (пред ТЦ Беверли Хилс)
– Кисела Вода (пред споменикот на Тодор Александров)
– Лептокарија (пред Флуид)
Елката ќе се прави следниот ден, во недела (27 декември), во паркот на Франкофонијата во 10 часот наутро.
„Правиме елка од пластични шишиња – рециклираме, градиме, продаваме, донираме!
Не ги фрлајте пластичните шишиња! Бидете кул и еколошки расположени, донесете шишиња и дојдете да правиме #ЕлкаМК заедно“, се вели во поканата.
Како и секоја година, Пакомак ја поддржува оваа иницијатива и средствата од настанот ќе одат во хуманитарни цели.