Еколошка акција за чистење на „терасата на Козјак“

Во сабота на 3 октомври, ни требате Вие да дојдете и да освестиме едно преубаво место наречено „Терасата на Козјак“. Глетката во која нашите сограѓани уживаат е задушена во премногу смет. За таа цел се организираме заедно со „За Почиста Македонија“ во поголем број да се собереме и да му помогнеме на тоа место. Ќе поставиме и знаци на местата каде луѓето имаат пикник, за нефрлање на сметот, стои во повикот за акцијата на I love hiking – group Macedonia.

За оваа цел организираат бесплатен автобус кој тргнува од Железничка Станица Скопје во 9 часот во сабота на 3 октомври.

„Паблик Рум, во свој стил ќе готват на отворено и Cheef Alex ќе ни готви Палеа со морски плодови (Paella with sea food),
AllgaSan – ја нуди својата работна сила горе со нас заедно и дава целосна поддршка во екологијата која ја спроведуваме заедно.
Од нас имате вода и ако некој остане гладен и по еден вегетаријански сендвич. Не заборавајте да си земете нешто за чилање после акцијата и јадењето. Хамок парти после јадењето за да ни се свари подобро храната или нешто за лежење“, стои во повикот за акцијата.

Како би изгледала програмата:
– 09:00 часот тргање од пред Железничка Станица Скопје
– 10:00 часот пристигање на терасата на Козјак
– 10:15 старт на Еколошката акција – делење на региони
– 12:15 крај на Акцијата
– 12:30 ручек
– 13:00 Поставување хамоци
– 15:00 крај на лежењето и враќање кон Скопје
– 16:00 Пристигнување на Железничка Станица Скопје

Повеќе околу акцијата и телефоните за резервација на местата за автобус – ТУКА.