Екологистите побараа Шара да се прогласи за национален парк

Екологистите побараа Шара да се прогласи за национален парк

Шар Планина под итно мора да се прогласи за национален парк ако сакаме да ја зачуваме природата и биодиверзитетот на ова место. Вакво барање упатија екологистите кои викендов се собраа на Шара за да видат што досега е постигнато со  проектот за „Промовирање на природните вредности на Шар Планина преку едукација за животната средина  и инволвирање на засегнатите страни“.

Во овој проект кој се одвиваше една година учествуваа дваесетина здруженија на граѓани од полошкиот регион. Македонското еколошко друштво и германската организација „Euro Natur“ беа  имплементатори на проектот кој се спроведуваше во шест полошки општини и тоа: Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње, Врапчиште и Гостивар.

Завршниот настан кој се случи викендов имаше мултиетничка и интегративна компонента. Сите засегнати страни презентираа дел од постигнатото во изминатиот период и ги претставија своите организации. Се организираше и куклена претстава која ја подготвија основците од Тетово и беше изведена на македонски, албански и турски јазик, а исто така се проектираше и документарен филм  „Очите на Шара“.  Крајот на настанот беше затворен со традиционална македонска и албанска музика и храна.

Екологистите побараа Шара да се прогласи за национален парк

Бобан Костадиновски