Праг на алармирање согласно препораките на СЗО, ЕЕА и по европските примери! Прагот на алармирање за PM10 да биде поставен при достигнување надневна вредност од над 70µg/m3, два дена по ред, без оглед дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Итните мерки кои треба да го редуцираат сообраќајот, функционирањето на индустријата, градежните активности, фосилните согорувања и сл, да стапат во сила веднаш наредниот ден и да траат сè додека нивото на PM10 честици не биде под дозволеното, до 50 µg/m3дневно на сите мерни станици.
Ова е барањето кое десетина еко здруженија и иницијативи ќе го достават до Министерство за животна средина и просторно планирање, а како израз на незадоволство од предлогот кој Министерството ги најави изминатиот петок, притоа давајќи рок од само 4 дополнителни работни дена за реакција на граѓаните.
Имено, со овој предлог на Министерството, Прагот на алармирање за PM10 од сегашната вредност над 100 µg/m3 дневно за период од 10 последователни дена, го зголемува на над 250µg/m3 за период од 2 последоватенилни денови (во првата, односно над 200 μg/m3 во 2022 година). Покрај петократното зголемување наPM10 честички од максималната законски утврденадневна вредност од 50 µg/m3, Министерството додава и дополнителни услови, од типот на број на мерни станици кои треба да ја имаат просечната вредност и недефинирана стабилна временска прогноза.
Ова, според здружените организации, е силен показател дека краткорочни и итни мерки никогаш нема да бидат воведени.
„Праг на информирањеза PM10 ги дефинира пониските концентрации, кои, откако ќе бидат надминати се ризик за човековото здравје при краткотрајна изложеност, особено на чувствителните делови на населението, при кое што е потребно навремено информирање (мали деца, постари граѓани, трудници, хронично и срцеви болни, лица со астма, и сите други кардиоваскуларни и респираторни болести). Праг на алармирањеза PМ10, пак, е кога концентрациитедостигнале ниво и времетраење,при што и кратка изложеност носи голем здравствен ризик за целото население и согласно Законот веднаш стапуваат во сила итни мерки кои, во најбрз можен рок, ќе го намалат нивото до дозволеното. Поинаку кажано, прагот на алармирање за PM10 е клучот за задолжително воведување на итни мерки од страна на Градот и Општините“, велат здружените организации.
Според нив, клучното кај двата прага е нивото и времетраењето. Колку што се овие две, велат тие, вредности подолги и повисоко, толку се последиците по здравјето подраматични и штетата за сите граѓани е далеку поголема. Истовремено, напоменуваат дека не постои безбедно ниво за опасните PM10 и PM2.5 честици.
Поради нивната голема опасност по здравјето на човекот, Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека PM10 не смее да е поголем од 20 µg/m3годишно, не повеќе од 3 дена во годината над 50 µg/m3дневно.
Што се однесува до PM2.5, СЗО препорачува максимална граница до 10 µg/m3 годишно и 25 µg/m3 дневно. Македонија и ЕУ има закон според кој се обврзува дека вредноста на PM10 честиците нема да биде поголемо од 40 µg/m3годишно не повеќе од 35 дена во годината над 50 µg/m3дневно.
„Токму затоа, ние, како граѓански активисти, сме фрапирани од односот на Министерството кон здравјето на сопствените граѓани, и зачудени од обидот на создавање на сива зона, која ќе овозможи константното труење на населението да продолжи во текот на идните години. Сакаме да предупредиме дека доколку ваквата одлука биде усвоена, ќе бидеме принудени да бараме и судска разрешница, повикувајќи ги на одговорност носителите на функции во државните институции, задолжени да се грижат за здравјето на граѓаните. За потсетување, PM10 и PM2.5 честиците се прогласени за канцерогени честици од прва категорија, бидејќи во себе ги содржат најтоксичните и најканцерогените супстанции познати на човекот, тешки метали, арсен, жива, кадмиум, олово, хром, никел, радиоактивни, како тие од пепелта и рудникот на РЕК Битола и РЕК Осломеј што содржат ураниум, ториум, радиум, а содржат и диоксини, кои се за пола милион пати поканцерогени од арсенот, а нив ги имаме на претек во воздухот што го дишеме по горењето на отпад и депонии. Поради најголемата количина на емисии на диоксини по број на жители сме водечки во Европа“, стои во соопштението на организациите.
Досега кон оваа иницијатива, односно барање до Министерство за животна средина се приклучија О2 – Коалиција за чист воздух, Воздух Сега!, Ние сме Карпош 4, Стоп на загадувањето, Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Еко герила, Движењето Мајки и дете, Скопје смог аларм и Спас за Водно. Не е исклучено оваа листа да се прошири.