Еко свест со онлајн проекција на филм за пет години од склучувањето на Договорот за клима од Париз

По повод пет години од склучувањето на Договорот за клима од Париз, „Еко Свест“ организира онлајн проекција на филмот „Како да го оставиш светот и да ги сакаш сите нешта кои климата не може да ги промени“ на Џош Фокс. Проекцијата на филмот ќе се одржи во виртуелна соба, по што ќе следува дискусија за темите кои тој ги обработува.

„Сите ние имаме парче земја и драги луѓе кои се обидуваме да ги заштитиме најдобро што можеме за кои секогаш би се бореле да ги спасиме. Но, што ако постои закана многу поголема, глобална и што и да направиме за да си го спасиме нашето парче земја тоа сепак ќе биде уништено. Освен ако не започнеме да размислуваме што можеме сите ние заедно да направиме за да ги зачуваме сите парчиња земја на Планетата и сите луѓе и жив свет на неа“, објаснуваат од „Еко Свест“

Проекцијата ќе се одржи денес, 05 декември, со почеток во 18 часот, на линкот објавен на настанот.