Еко Логик: Децата се поважни од автомобилите – зарем не?

Kако дел од интернационалниот проект ,,Кооперативна Мобилност“,  Еко логик ја почнува кампањата ,,Децата се поважни од автомовилите“ која се залага против внесување и паркирање на автомобили во училишните дворови, но и против паркирање на автомобилите на тротоарите и пешачките зони во непосредна близина на училиштата.
Еко Логик: Децата се поважни од автомобилите - зарем не?

Во голем дел од развиените европски земји е строго забрането паркирање на автомобили во непосредна близина на градинки, основни и средни училишта, при што незамисливо е дел од училишните простори да се користат како паркинзи на кои училишниот персонал ќе си ги паркира своите возила.

За да ја илустрираат загрижувачката состојба во Македонија, од Еко Логик снимија аматерско видео  во училишниот двор и околу ОУ ,,Војдан Чернодрински“од Скопје кое ја доловува големината на проблемот.

„Децата се поважни од автомобилите – зарем не?“, прашуваат од Еко Логик.