„Еко Герила“: Шар Планина да биде прогласена за Национален парк

Шар Планина итно да биде прогласена за Национален парк, бараат од еколошкото здружение „Еко герила“.

Оттаму и посочија на Владата дека не постои пречка за воведување на оваа територија во системот на заштитени подрачја.

„Екипата на експертите даде препорака дека оваа територија треба да биде прогласена за Национален парк за да се заштитуваат флората и фауната, различните природни ресурси, вклучувајќи и различни минерали но и плановите за развој на секоја засегнатата општина под територијата на Шар Планина“, изјави Аријанит Џафери на денешната прес-конференција.

Тој реагира на одредени притисоци и обиди да се спречи прогласување на Шара за Национален парк од како што посочи, „групи вклучени во изградба на мали хидроцентрали субвенционирани од даночните обврзници“.