Еко-активистите „окупираа“ плантажа за палмино масло со рок бенд

Активистите од Гринпис во вторникот влегоа во резервоарите за палмино масло во Индонезија, заедно со популарната рок-група која свиреше песни за заштита на околината, во знак на протест поради маслото кое се наоѓа во сè, од сапун до бисквити.

Гринпис соопшти дека 30 активисти, меѓу кои и неколкумина странци, со индонезиската метал група Бумеранг ја „окупираа“ плантажата на островот Сулавеси за да привлечат внимание кон уништувањето на животната средина предизвикано од сечењето на шумите за плантажите со палмино масло.

Тие напишаа „Dirty“(валкани) со големи букви и поставија знаме во кое пишуваше „Откажете се од валканото палмино масло одма“ во резервоарите за складирање во сопственост на Вилмар интернационал, најголемиот светски трговец со вакво масло, кој снабдува големи брендови, вклучувајќи ги и Колгејт, Нестле, Унилевер, соопштрија од Гринпис, од каде додаваат дека протестот траел 12 часа.

Една група активисти, исто така, се искачи на сидрото на танкер кој пренесува палмино масло и го спречиле да се движи. Во меѓувреме, групата Бумеранг, кој се основаше во средината на деведесеттите, настапи на врвот на рафинериските резервоари.

Гринпис ја обвини компанијата Вилмар дека е поврзана со уништувањето на шумите во Индонезија, како најголем извозник на палмино масло во светот, иако пред пет години најави дека ќе престане да навлегува во џунглата на архипелагот.

„Оваа рафинерија е полна со валканото палмино масло на Вилмар и ако не сме тука, ќе биде на пат кон фабриките и супермаркетите ширум светот“, рекоа од Гринпис.

Компанијата Вилмар пак го опиша протестот како „не само криминално дело и вандализам, туку и ризик за безбедноста на активистите, како и за персоналот на Вилмар“.

„Ги повикуваме Гринпис да го прифатат заедничкиот начин на размислување и да работат со индустријата за палмино масло за да преземат вистинска и позитивна акција”, се вели во соопштението на компанијата.

Минатата недела претседателот на Индонезија потпиша тригодишен мораториум за сите нови плантажни за палмино масло во земјата.