Еко акција во Естепона: За чаша собрани догорчиња од плажите добивате гратис освежителен пијалак

Приморскиот град Естепона во Шпанија започна невообичаена еко акција. За посетители на некоја од плажите следува гратис пиво, или некој друг освежителен пијалак, но само ако претходно соберат чаша со фрлени догорчиња, пишува Б92.

Иницијативата на ова гратче е да ги одржува своите песочни плажи чисти. Кампањата „Брег без догорчиња“ доби голема поддршка од локалците и туристите. Посетителите може да побараат гратис пиво на некој од штандовите на плажите.

„Догорчињата имаат токсични остатоци кои ако ги проголтаат рибите, на крајот ќе ги изедеме ние при јадење на рибата. Тоа е затворен круг кој сигурно нема среќен крај“, вели Оскар Рули, организатор на акцијата.

Според него, потребно е да се освестат луѓето кои летуваат и да се потсетат на потребата од зачувување на животната средина.