Еко-акција кај Скопско Кале – учесниците ќе добијат бесплатна обука за Мicrosoft Power BI

Во склоп на еко кампањата „За почиста Македонија“, утре (14 февруари) со почеток во 10 часот се организира акција за чистење на Скопското Кале. Настанот ќе се одржи во соработка со Младихаб.

Сите млади на возраст од 15-29 години кои сакаат да присуствуваат во еко акцијата ќе добијат можност да учествуваат на обука за Мicrosoft Power BI организирана од страна на Младихаб и Економски факултет – Скопје.

За учесниците во акцијата ќе бидат обезбедени ќеси, ракавици и маски.

Бројот на слободни места е ограничен затоа е потребно пријавување на следниот ЛИНК. Пријавувањето за обуката ќе биде по принципот прв дојден, прв услужен, посочуваат организаторите.