ЕК: Младинската невработеност и натаму меѓу најголемите македонски проблеми

Младинската невработеност останува еден од најголемите проблеми во државата – ова е неколкупати нагласено во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македoнија кон европските интеграции, кој беше објавен претпладнево.

ЕК: Младинската невработеност и натаму меѓу најголемите македонски проблеми

Точно напладне во Европскиот парламент во Брисел, комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе официјално ќе ги објави извештаите за земјите-аспиранти.

Во извештајот за Македонија стои дека и покрај малите подобрувања на пазарот на трудот, невработеноста кај младите останува над 50% (51.9%). Ова е еден од клучните наведени предизвици во областа на социјалните политики и вработувањето, заедно со недискриминацијата, ниското ниво на учество на жените и на Ромите на пазарот на труд. Ефектите на мерките на Владата за борба против младинската невработеност допрва треба да се видат, стои во извештајот.

Извештајот дава препорака за започнување преговори за полноправно членство во ЕУ за Македонија, но нотира низа назадувања во повеќе економски, политички и социјални области во споредба со минатата година.