ЕХО фестивал од 5 до 9 октомври – 29 планински филмови од 15 земји

Од 5 до 9 октомври ќе се одржува 11. издание на ЕХО Фестивалот за планински филм во кино Милениум и кино Фросина. Фестивалот годинава ќе прикажува 29 планински филмов од автори од 15 земји.

Влезот за сите проекции е бесплатен со претходно подигнати онлајн билети преку https://bileti.mkc.mk или на шалтер во кино.

Во продолжение, целосната фестивалска програма:

ПОНЕДЕЛНИК
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Еверест – Тешкиот пат“, Павол Барабаш (Словачка), 2020, 52’
Блок 2, почеток 20:15 часот
„47 врва“, Хју Ердин (Велика Британија), 2020, 45’
— Кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Рајско (Патување кон замрзнати водопади)“, Даниел Блоер/Јонас Шилд/Николас Хојац (Швајцарија), 2020, 18”
„Големиот момент“, Игнаси Лопез Фабрегас (Шпанија), 2020, 13’
„Тура по балканските реки 4/ Акција за дивите реки“, Матич Облак/ Митја Легат/ Тим Вртник (Словенија), 2019, 11’
„За паѓањето“, Џозефин Андерсон (Канада), 2019, 14’
Блок 2, почеток 20:15 часот
„Елемента“, Ричард Сиди (Нов Зеланд), 2020, 43’

ВТОРНИК
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Супер Французот“, Чејс Огден (САД), 2019, 80’
— кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Легендата за Муксу“, Олаф Обсомер (Германија), 2020, 42’
Блок 2, почеток 20:05 часот
„Базбедност123“, Јулија Гутвенигер/Флориан Кофлер (Австрија), 2019, 72’

СРЕДА
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Од океанот до небото“, Мајкл Дилон (Австралија), 2019, 106’
Блок 2, почеток 21:10 часот
„83° Скијање на Северот“, Мaтијас Мaер, 54’
— Кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„НЛО живот“, Јан Шиманек (Чешка), 2020, 33’
„Движење низ Белото“, Ото Хеикола (Финска), 2019, 28’
“Плима“, Манон Куба (Франција), 2019, 30’

ЧЕТВРТОК
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Каменоломи“, Ахиле Маури (Италија), 2020, 26’
„Пукнатина“, Кристоф Марго (Швајцарија), 2019, 26’
„Кино Иан“, Тобиа Пасиџато (Италија), 2019, 10
Блок 2, почеток 20:30 часот
„12000км“, Ерик Ниландер (Шведска), 2019, 28’
„Сам“, Роберт Жаспер (Германија), 2019, 10’
„Помеѓу ѕидови“, Јакоб Швајгофер/Јоханес Хофман/Симон Плацер (Австрија), 2020, 2’
„Остани зафатен“, Митја Легат (Словенија), 2020, 2’
„Вурм – Патување низ Шкотска“, Џулиен Худим (Велика Британија), 2020, 3’
„8848“, Стефан Војводов (Бугарија), 2020, 4’
„Обземен“, Ричард Сиди (Нов Зеланд), 2020, 5’
„Направено при патување“, Џои
Шуслер/Вајли Каупас (САД), 2020, 20’
— кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Чолити“, Жаим Мурсиего/Пабло Ирабуру (Шпанија), 2019, 80’
Блок 2, почеток 20:45 часот
„Животни на границите“, Корнелиа Фолк (Германија), 2019, 44’

ПЕТОК
— кино МИЛЕНИУМ
Блок1, 20:00 Прогласување на победниците и затворање на фестивалот
20:30 „На тенок мраз“, Хенри М. Микс/ Боас Шварц (Германија), 2020, 52’

Фестивалот ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани како задолжително носење лична заштитна опрема (маска) за сите посетители на киното.

Потоа, одржување физичка дистанца од 1,5 – 2 метри помеѓу посетителите пред билетарницата, пред влезот во холот, пред влезот во киносалата и при купување на шанкот. Нема да биде дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката во холот или киносалата.