„ЕГЗИТ“ слави 20 години постоење

Како и секоја година, па така и наредната фестивалот „EXIT 2.0“ најавува многубројни изненадувања.

Според организаторите, почнува нова ера со голема прослава на 20-тиот роденден од 9-ти до 12-ти јули. Сметаат дека ова ќе биде е најуспешно издание досега.

„Петроварадинската тврдина следниот јули ќе биде во центарот на вниманието на музичката јавност, каде што на повеќе од 40 бини и зони ќе се соберат некои од најзначајните музички ѕвезди на денешницата, но и неколку одбрани изведувачи од претходните две децении на ЕГЗИТ (EXIT), чии настапи засекогаш станаа нераздвоен дел од историјата на Фестивалот“, велат организаторите.

Исто така, најавуваат бројни иновации во сите области на своето делување.

„Целиот ЕГЗИТ тим, заедно со бројните наши пријатели и соработници, решен е да ги надмине дури и претходните рекордни години зад нас, за токму следната година да го донесе досега најдоброто издание и еден нов ЕГЗИТ, спремен за наредните дваесет години!“, изјави Душан Ковачевиќ, основачот на Фестивалот.

Од организација, за претстојното фестивалско издание велат дека ќе го слави единството на наизглед сосема различните фанови на „ЕГЗИТ“, од панкери и металци до рапери и рејвери, преку публиката од сите краеви на регионов, па сѐ до оние кои преминуваат и цели океани за да стигнат во Нови Сад.

Стартот на продажбата на влезниците е закажан за петок, 22-ри ноември, точно на пладне. Повеќе информации за настанот ТУКА и за влезниците ТУКА.

Првите изведувачи на ЕГЗИТ ќе бидат објавени наскоро.