Егзит и Вибер го стартуваат глобалниот конкурс за дизајн на стикери „Моја Егзит Авантура“

Егзит фестивал и Вибер ги повикуваат сите креативци ширум светот да учествуваат на премиерното натпреварување за дизајн на Вибер-стикери!

„Егзит“ (Exit), еден од најпрестижните светски фестивали, и „Вибер“ (Viber) – една од водечките глобални апликации за размена на пораки, го најавуваат официјалниот почеток на заедничкото меѓународно натпреварување за дизајн на стикери „Моја Егзит Авантура“.

Целта на „Вибер“ натпреварувањето за дизајн на стикери „Моја Егзит Авантура“ е да ги инспирира креативните умови од целиот свет да го изразат своето видување на „Егзит Авантура“ и нејзините единствени вредности, како и фестивалскиот начин на живот – во форма на неодоливи „Вибер“ стикери кои ќе се користат 365 дена годишно. Натпреварувањето ќе го надгледува организацијата „Талентхаус“ , која на уметниците од целиот свет им овозможува директен пристап до креативните содржини на водечките брендови, агенции и поп-икони.

Еден среќен уметник, одбран од страна на официјалното жири, ќе добие награда во износ од 3.000 американски долари, додека победничкиот дизајн ќе биде претворен во стикер-пакет на „Вибер“ спремен за преземање. Жирито исто така ќе одбере и четири истакнати уметници кои ќе освојат по 500 долари. Сите тие ќе бидат наградени со влезници за „Егзит Авантура“, а победникот на конкурсот ќе биде поканет да ја посети и доживее „Егзит Авантурата“ заедно со останатите членови на својот креативен тим, со ВИП пристап во бекстејџот и фестивалскиот свет кој не е достапен за регуларните посетители.

Официјалната почетна страница на конкурсот „Моја ЕГЗИТ Авантура“ можете да се најде на следниот линк:https://www.talenthouse.com/i/create-a-viber-sticker-pack-inspired-by-exit-adventure-sr

„’Егзит’ во споредба со останатите големи фестивали е единствен во поглед на историјата, разновидноста на музиката и општествениот активизам. Ве поттикнуваме да ја преточите магијата на целата ‘Егзит Авантура’ – како ‘Егзит’, така и ‘Си Денс’ фестивалот – во шарени и интересни „Вибер“ стикери кои ќе живеат 365 дена во годината благодарение на вашето креативно дело“, повика Душан Ковачевиќ, основачот на „Егзит“ фестивал.

Ерез Шошер, кретивниот директор на „Вибер“, даде значаен совет за сите учесници.

„Бараме креативни стикери кои ќе ја означат енергијата и вибрацијата на ‘Егзит’, а кои ќе им бидат важни и на луѓето надвор од рамките на фестивалот. Колку повеќе е стикерот корисен, толку повеќе ќе биде и популарен, па размислувајте за типовите на стикери и фразите кои секојдневно сакате да ги користите со своите пријатели. Одбраниот дизајн на стикери ќе биде комбинација на практичност и единствените вредности на ‘Егзит’ фестивал“, појасни Шошер.

Инаку од денеска сите најновите информации за „Егзит Авантура“ е бидат достапни на јавниот чет на „Вибер“ (Exit Adventure Public Chat). Изведувачите на „Егзит Авантурата“ ќе гостуваат на јавниот чет за да одговорат на прашањата од учесниците; ќе бидат достапни материјалите директно од фестивалот, како и содржините од останатите манифестации, журки и конференции во меѓувреме. Јавниот чет можете да се следите на:http://viber.com/exit.