Египетскиот филм „Судир“ победник на Загреб филм фестивал

 

Египетскиот фим „Судир“ на режисерот Мохамед Дијаб е победникот на 14. iздание на Загреб филм фестивал и добитник на наградата „Златна количка“ во главната програма на долгометражни играни филмови

Приказната на „Судир“ се случува во Каиро, две години по Револуцијата, а претседателот Мохамед Морси е симнат од власт. По улиците на главниот египетски град владеат немири додека припадниците на Муслиманското братство се судираат со војската. Филмот е египетски кандидат за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а премиерно беше прикажан во Кан, во програмата „Извесен поглед“.

„Златна количка“ за најдобар краткометражен филм освои британскиот филм „Балкон“ на Тоби Фел Холден, а во детската програма „Коцкички“ за најдобар филм е прогласен „Млечниот заб“ на Саша Бан. Романскиот филм „Сиераневада“ на Кристи Пуиу, во кој како копродуцент се јавува и Македонија е добитник на нововостановената награда „Златен велосипед“ за најдобар филм од програмата „Повторно со нас“. Награда од публиката отиде кај израелско-гфранцускиот филм „Два света“ на Мајсалун Хамуд.

Е.Д.