Ефтини студентски приказни

Живееме во општество кое во однос на образованието и образовиниот процес во нашата држава секое утро не буди со песимистички прогнози со кои и заспиваме некаде во раните утрински часови како студенти. Што е тоа што не прави да како студенти создаваме ефтини приказни? Дали ние подоцна се дефинираме како ефтини на пазарот на труд или некој тоа го прави во наше име?

За некого порано, за некого покасно започнува студенското патешествие низ затворените врати на нашите образовни институции, пропратени со разни административни непотребни документи, заверки и многу пискотиници, без сознание за поимот основна култура или можеби бон-тон кој се изучува од мали нозе. Како студент во прва година, со искуство од приемен испит на државен факулетет кој имаше време траење од еден ден се здобив со толкава негативна енергија од државните факулетети што пред тоа не постоеше.

Затварање на врата во лице, обраќање со погрдни зборови и чекање од осум часа што се смета за полно работно време, за успис на факулетет , укажува на организираноста на самата институција. Па, како јас би можела да се образовам во едно такво место во кое нема ни основна перцепција на редослед на упис? Да не зборувам за тоа понатаму што би следувало, недостаток на информации од студенски прашања, чекање пред врата додека тие уживаат во нивото утринско кафе, се на се тоа е она што не прави ефтини и ја создава нашата ефтина приказна, чувството да си третиран како предмет, обично сретство со кое може да се тргува. Да бидеш купен и лесно потоа продаден.

Дебели живци и отпор на горенаведеното е првиот услов кој студентот би требало да го исполнува доколку своето образование го започнува на таков факулетет. Како студент , очекуваш државата да ти овозможе најсоодветни услови за изучување и спецјализирање во одредена обаст, меѓутоа тоа сето во теорија е многу успешно , но во практика незабележително. Државата подфрлила не во образовната програма меѓутоа во кадарот кој треба истата да ни ја пренесе, а воедно и да не мотивира. Кога на сила на државен факултет ќе настапи веќе предвидена и евидентна негативна селекција – намерно се избира послабиот за да не просперира подобриот зошто да просперира подобриот значи дека сите ќе мора да одат напред , со претходна умисла решив своето додипломско образование да го започнам на приватен универзитет, за што се бев одлучила дури и пред приемниот испит на државен факулетет, зошто тоа беше предвидено во мојата глава како некој вид лакмусова хартија за тоа дали сериозно е толку голема разликата меѓу приватните, осудувани факулетети во нашата држава и државните. Коктелот од негативни чувства исчезна кога организираноста и благосостојбата со која еден студент , иден академски граѓанин е воспоставена и запазена. Кога не постои непотизам и корупција, кога се цени трудот и посветеноста, кога на секое студенско прашање се здобиваш со веродостојни и комплетни одговори и кога кафето не е приоритет во работењето. Библиотеките се целосно опремени без никава потреба од копирање на скрипти во посебни книжари со склучени договори, константа комуникација и достапност до професорите и воопшто целиот кадар , ќе повторам без никави алкохолни пијалоци спакувани со машна. Тоа не значи дека се чувстуваме скапо или надценето, воопшто само сметам дека се одтргнавме од таа мрежа на заложништо на нашето време. Посекако со нашите дипломи сите сме еднакви на пазарот на труд, ефтини. Ефтини , не зошто ние сме се дефинирале така туку зошто општеството не гледа со такви очи. Тоа не познава државна, приватна диплома доколу во догледно време по завршување на студиите не се најде работа тоа се препишува на неможноста. Меѓутоа чија неможност? Наша? На факулетите?

Ние го градиме општеството, ние и сме самото општество, низ студенското патешествие да креираме и запаѓаме во такви ефтини приказни што од нас самите учејќи за животот , што од опкружувањето. Меѓутоа доколку се обидеме, колективно во нашиот образовниот процес , секој како индивидуа може да ја промени таа приказна, без предрасуди, без подценувања, без разлики. Секоја генерација има своја ефтина приказна, и треба да има зошто на тој начин се формираме како личности.

“Образованието е најсилното оружје со кое може човек да го промени светот” – Нелсон Мендела

Шеровска Ѓорѓина