EESTEC LC Skopje го најавува петтото издание на Code App Level Up

После четири успешни изданија, EESTEC LC Skopje ви го најавува и петтото издание на Code App Level Up, кое ќе трае од 15 април до 21 април под темата Startup Edition powered by Vip.

„Имате идеја, но не знаете како да ја реализирате и да започнете сопствен стартап бизнис? Овогодинешниот натпревар на Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip кој ќе започне на 15 април и ќе трае до 21 април е совршена можност за вас. Целта на натпреварот е да ги едуцира и насочи младите кон правилна имплементација на своите ИТ идеи, да се поттикне претприемачкиот развој. Дел од настанот ќе бидат предавачи и ментори кои зад себе имаат успешни стартап проекти и кои своето искуство ќе им го пренесат на учесниците. Тимовите во текот на целиот натпревар ќе работат со своите ментори од кои ќе добијат насоки и совети како да ја имплементираат својата идеја. Покрај тоа што овој натпревар е одлична шанса да се дознае нешто повеќе за разивање на стартап бизнис, учесниците ќе се стакнат со нови знања и искуства во полето на програмирање, дизајн и претприемништво“, најавуваат организаторите.

Натпреварот официјално ќе биде најавен во сабота, 16 март на Vip Startup Academy во зградата на Вип, каде учесниците детално ќе се информираат за процесот на аплицирање.

Учеството на настанот е бесплатно, а сите заинтересирани може да аплицираат на следниот ЛИНК до 25 март.