Едвард Сноуден бара продолжување на азилот во Русија

Поранешниот соработник на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и Агенцијата за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден поднесе барање за добивање на политички азил во Русија, јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на неговиот застапник Анатолиј Кучерн.

Сноуден

„Едвард останува во Русија, а ние ги подготвивме документите за добивање на привремен политички азил за него“, вели Кучерн во интервју за телевизискиот канал „Lajfnjuz“ пренесе Итар – Таас.

Сноуден во јуни минатата година на „Вашингтон пост“ и „Гардијан“ им даде низа доверливи материјали за американските и британските програми за следење на интернет. Тој потоа замина за Хонг Конг , за на 23 јуни да слета во Москва каде што престојуваше сместен во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“.

Тој во август доби привремен азил во Русија, во траење од една година. Во САД пак Сноуден го тужат за оддавање тајни податоци од специјалните служби , а по секоја од трите точки му се заканува затворска казна од една година.

Според руското законодавство, привремениот и политичкиот азил се два различни статуси. Привремениот се дава на една година и се продолжува, а со него може да се живее и работи во државата. Политичкиот азил пак се добива со указ на рускиот претседател, јавува Итар-Таас.

Извор: Б92