Едукативен видео-серијал за безбедност на работното место

„Што доколку се случи повреда на работното место?“, „Дали платите во Македонија овозможуваат достоинствен живот?“, „Кои се мерилата за компензација на трудот?“, ова се дел од темите опфатени во видео серијалот кој го изработува Македонското здружение за заштита при работа.

Видеата се насочени кон поттикнување на превентивна култура за овозможување на безбедни и здрави работни места.

„Огромен број на луѓе загинуваат на своето работно место. Оставаат позади себе завиени во црно- деца, сопружници, цели семејства. Не сакаме да стоиме немо пред ова. Затоа ги отвараме и прашањата, поврзани со трудот воопшто“, велат од Здружението.

Видеата се објавуваат секој понеделник, а досега се објавени четири епизоди кои може да ги погледнете на следниов ЛИНК.