Едукативен настан против загадувањето на Тетово

Граѓанската иницијатива „Заедно против загадувањето на Тетово“ денеска во Тетово организираше јавен настан за подигнување на свеста кај граѓаните за штетните последици од загадувањето.

Едукативен настан против загадувањето на Тетово

Акцијата започна на пладне во центарот на Тетово, а продолжи и по останатите улици. На тетовци им се делеа информативни флаери за штетните последици од загадувањето и едукативно се информираа што може да се преземе за намалување на загадувањето. Кон настанот се приклучија голем број на граѓани кои дадоа максимална поддршка на иницијатива, а меѓу нив најзастапени беа младите.

Едукативен настан против загадувањето на Тетово

Претходно иницијативата организираше мирен протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје.

Б.К.