Едночасовен тимски предизвик: 30 минути до вселенска катастрофа

Здружението Младите можат отвори повик за учество во играта „30 минути до вселенска катастрофа!“, која ќе се игра во паркот на Франкофонијата, во вторник (9 август), во 18 часот.

Иако станува збор за „вселенски предизвик“, целта е учесниците преку оваа игра да научат корисни вештини и да се стекнат со нови искуства и познанства. Играта е осмислена за учење тимска работа, комуникациски вештини, лидерство и доверба.

„Вселенска катастрофа ненадејно се појавува и e причина поради којашто планетите го губат својот дом. Среќниот и мирен живот e нарушен, па затоа 10те планети немаат избор, мораат брзо да пронајдат нова галаксија. Стани дел од екипата вселенски заштитници. Искористи ја својата храброст, креативност и упорност и врати го мирот во универзумот! Пријави се и стани дел од екипа вселенски заштитници кои имаат задача да ги транспортираат планетите на безбедно“, се наведува во повикот.

Права на учество на едночасовниот тимски предизвик имаат сите млади од 16 до 22 години. пријавивањето трае до 7 август, на следниот ЛИНК.

Овој настан го организира здружението Младите можат , преку проектот Младински лидерски иницијативи со поддршка од Цивика Мобилитас.