„Едно решение – револуција“ – порака од маршот на Анонимус кој заврши со 53 уапсени

Британската полиција соопшти дека уапсиле 53 луѓе на анти-капиталистичкиот протест под името „Марш на милион маски“ во централен Лондон, организиран од хактивистичка група Анонимус.

protesti-anonimusi-3

Стотици демонстранти, многу од нив маскирани, учествуваа во протестите кои почнаа од централниот плоштад Трафалгар Сквер и продолжија до Парламентот.

Граѓаните извикуваа „Чии улици? Наши улици“ и „Едно решение, револуција“, додека маршираа со пиротехнички средства следени од полицијата.

protesti-anonimusi-4

Протестите требаа да завршат во 21 часот, но граѓаните одбиваа да заминат што наиде на интервенција од полицијата која од претходно најави дека по 21 часот ќе има полициски час во кој се забранува собирање на поголеми групи во централен Лондон.

Според полицијата, апсењата биле поради дрога, ладно оружје, правење штета и нарушување на јавниот ред и мир.

„Маршот на милион маски“ стана глобален феномен од 2011 година, организиран од заедницата Анонимус, со протести во голем број светски метрополи – но најмногу фокусирани на Лондон.

Без предводници и без официјална структура, собирите и претходните години завршуваа хаотично со апсења и судири на полицијата и демонстрантите.

protesti-anonimus-5

protesti-anonimus-2

protesti-anonimus