Едно лице загина на вториот ден од масовните протести во Белорусија

Белоруското министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека еден демонстрант загинал во судир со полицијата во главниот град Минск, на вториот ден од протестите во Белорусија по претседателските избори кои се одржаа во неделата, пренесува српски „Н1“.

Портпаролот на министерството Александар Ластовски изјави дека човекот бил во масата луѓе која протестира поради резултатите од претседателските избори. Демонстрантот загинал кога во неговата рака експлодирала направа додека се подготвувал да ја фрли.

Илјадници луѓе протестираат во Белорусија веќе втор ден по ред, поради тоа што официјалните резултати од изборите кои опозицијата ги отфрли како лажни, му донесоа огромна победа на авторитарниот претседател Александар Лукашенко, продолувајќи го неговото 26-годишно владеење.

Полициските службеници вчера, како и завчера, на сила ги растераа демонстрантите, користејќи солзавец и гумени куршуми.

Насобраните демонстранти извикуваа „срамота“ и „да живее Белорусија“.

Граѓани преку канали на апликацијата „Телеграм“ за време на вчерашниот протест нудеа засолниште за демонстрантите кои бегаат од полициските службеници.

Проспект Победителей в Минске вечером 10 августа.Фото: Ольга Шукайло, TUT.BY

Posted by Белорусский портал TUT.BY on Monday, 10 August 2020

 

 

Протесты возле Пушкинской в Минске вечером 10 августа.Фото: Дарья Бурякина, TUT.BY

Posted by Белорусский портал TUT.BY on Monday, 10 August 2020

 

На праспекце Пушкіна, Менск

Posted by Радыё Свабода on Monday, 10 August 2020

 

Главниот ривал на Лукашенко, Светлана Тихановскаја побегнала во Литванија, а ова го потврди и тамошниот министер за внатрешни работи. Тихановскаја не се приклучи на вчерашните протести, за, како што рече, да избегне провокации, а со неа синоќа не можеше да се стапи во контакт.

На протестите во неделата биле приведени повеќе од 3.000 луѓе, соопшти претходно портпаролката на Министерството за внатрешни работи Олга Чемоданова, пренесува „Н1“. Како што соопшти Чемоданова, протести биле одржани во 33 градови, а само во Минск биле приведени околу илјада луѓе. Таа изјави дека во судирите биле повредени 39 полициски службеници и 50 демонстранти, додавајќи дека „нема загинати“.

Според невладината организација „Весна“, едно лице загинало, а повеќемина биле повредени во Минск. На каналите на апликацијата „Телеграм“ беше соопштено дека починало младо лице кое налетало на специјално возило за растерување демонстранти.

Настаните кои се случија пред два дена наидоа на реакција и од Европската Унија, од каде го осудија насилството врз демонстрантите и повикаа на ослободување на сите оние кои биле уапсени за време на протестите по одржувањето на изборите.

Во заедничкото соопштение на високиот претставник на ЕУ за внатрешна политика и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи се наведува дека против мирните демонстранти е употребено „непропорционално и неприфатливо насилство“ од државните сили, кои „наводно резултирале со губење на животот на еден граѓанин“, додека многу други се повредени.

„Го осудуваме насилството и повикуваме веднаш да се ослбоодат приведените во текот на минатата ноќ. Белоруските власти мора да осигураат да се почитува основното право на мирен собир“, се наведува во сооптешнието.

Европски официјални лица истакнаа дека граѓаните на Белорусија „по незапаметената мобилизација за слободни избори и демократија“, сега очекуваат точно пребројување на нивните гласови и дека од суштинска важност е Централната изборна комисија да ги објави резултатите кои го одразуваат изборот на народот.

Актуелниот претседател кој го нарекуваат и „последниот европски диктатор“, а кој го освои шестиот мандат по ред, демонстрантите ги нарече „овци“.

„Забележавме повици од странство. Од Полска, Велика Британија и Чешка, имаше повици да се управува на далечина, извинете на изразот, со нашите овци“, рече Лукашенко.

Тој порача дека нема да дозволи земјата да биде растргната на парчиња.

Според последните достапни информации, на претседателските избори Лукашенко освоил 80.08 отсто од гласовите, додека Тиханавскоја освоила 10.09 отсто.

Масовни протести во Белорусија по победата на Лукашенко и сомнежи за изборна кражба