Една третина од луѓето имаат прекумерна тежина

Повеќе од 2 милијарди возрасни луѓе и деца на глобално ниво имаат прекумерна тежина или се дебели и страдаат од здравствени проблеми поради нивната тежина, покажа нова студија.

Ова значи дека една третина од светската популација има вишок тежина, предизвикана од урбанизацијата, лошата исхрана и намалената физичка активност.

САД има најголем процент на дебели деца и млади луѓе, или 13 отсто, додека Египет води во однос на дебелината кај возрасните, со речиси 35 отсто, меѓу 195-те земји и територии вклучени во студијата.

Додека 2,2 милијарди луѓе биле дебели или со прекумерна тежина во 2015 година, повеќе од 710 милиони од нив се класифицирани како дебели, со 5 отсто од сите деца и 12 отсто од возрасните кои се вклопуваат во оваа категорија.

Зголемен е бројот на смртни случаи на глобално ниво, предизвикани од  здравствени проблеми поврзани со прекумерната тежина, како што се кардиоваскуларни болести, се вели во студијата, објавена вчера во медицинскиот весник во Нова Англија.

Речиси 40 отсто од четири милиони луѓе умираат како резултат на нивниот повисок индекс на телесна маса иако се уште не се сметаат за дебели, истакнувајќи дека смртните случаи се случуваат речиси толку често кај оние кои имаат прекумерна тежина, како кај оние што се сметаат за дебели.

Индексот на телесна маса е односот помеѓу тежината и висината на лицето; ИТМ (BMI) од 25 до 29,9 се смета за прекумерна тежина, додека нешто повеќе од 30 се смета за дебелина.

„Луѓето кои го занемаруваат зголемувањето на телесната тежина го прават тоа на сопствен ризик – ризик од кардиоваскуларни болести, дијабетес, рак и други услови опасни по живот”, вели д-р Кристофер Мареј, директор на Заводот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот Вашингтон, кој работел на студијата.

„Оние делумно сериозни резолуции за Нова Година за губење на телесната тежина треба да станат целогодишна обврска и да се спречи зголемување на телесната тежина во иднина”, рече тој.

Глобалната слика за дебелината

Истражувачите ги анализирале податоците од 68,5 милиони луѓе во периодот меѓу 1980 и 2015 година за да ги истражат трендовите, како и податоците во врска со прекумерната тежина и стапките на дебелина.

Податоците се добиени од најновата студија за Глобалниот товар на болести, која ги истражува сите големи болести, состојби и повреди на глобално ниво, возраст, пол и населението.
Податоците покажаа дека бројот на луѓето погодени од дебелината е двојно зголемен од 1980 година во 73 земји, и продолжи да се зголемува во повеќето други земји вклучени во анализата. Нивоата на дебелина се повисоки кај жените отколку кај мажите во сите возрасни групи, што е во корелација со претходните наоди за дебелината.

Процентот на деца кои биле дебели се пониски отколку кај возрасните, но стапката на која се зголеми нивниот број е поголема, што значи повеќе ризик во иднина, ако ништо не е направено за да се спречи проблемот.

Во однос на бројот, поголемите популации како Кина и Индија значи дека имаат најголем број на дебели деца, со 15,3 милиони и 14,4 милиони.

И покрај помалата популација, САД има најголем број на дебели возрасни, со 79.4 милиони (35 отсто од населението), по што следи Кина со 57.3 милиони.

Најниската стапка на дебелина е забележана во Бангладеш и Виетнам, со само еден отсто од населението.

„Ова повторно го нагласува она што веќе го знаеме за епидемијата на дебелина”, рече Гударз Данаеи, доцент на Школата на Харвард за јавно здравство.

„Но, тоа го покренува алармот дека ние може да се соочуваme со бран на дебелина во наредните години во земјите со висок и низок приход.”

Данаи смета дека додека епидемијата можеби стагнира во однос на растот кај одредени возрасни популации, како што е населението на САД, на долгорочен пат, промената кај децата значи дека во иднина ќе има група на луѓе кои ќе бидат изложени на висок BMI на подолг временски период, каков што истражувачите не се соочиле претходно.

„Ние не знаеме какви ќе бидат долгорочните ефекти ако се изложени на висок BMI над 20, 30, 40 години”, рече Данаеи, кој не бил вклучен во студијата.

„Тоа може да биде поголемо отколку што сме виделе досега”.

Подем и пад на бројот погодени од болест

Истражувачите се надеваат дека ќе се подигне свеста за болестите поврзани со прекумерната тежина кои можат да се покажат како фатални.
Речиси 70 отсто од смртните случаи во анализата, поврзани со покачениот BMI , биле резултат на кардиоваскуларните заболувања, односно 2,7 милиони луѓе во 2015 година, при што дијабетесот е втора водечка причина за смрт.

Сепак, во последниве години, додека стапката на кардиоваскуларни болести е во пораст, бројот на смртни случаи е опаднат. Истражувачите веруваат дека тоа во голем дел се должи на подобрените клинички интервенции кои стануваат достапни, како што се мерки за контрола на нивото на висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта, кои претставуваат гориво за срцеви заболувања.

Ова е случај во земји како САД, тврди Данаеи, додавајќи дека превентивните услуги како што се следење на шеќерот во крвта, или грижа по срцев удар или мозочен удар, се подобриле во развиените земји. Но, овие услуги се скапи, вели тој, и не се во моментов норма во повеќето земјит со низок и среден приход.

„По срцев удар, шансите за умирање се многу поголеми во земјите во развој”, рече тој.

Зошто се случува ова?

Нивоата на дебелина се зголемија во сите земји, без оглед на нивното ниво на приходи, што значи дека тоа прашање не е само до богатството, велат авторите на студијата.

„Промените во животната средина, храната и хранливите системи се веројатно главните причинители”, пишуваат тие. „Зголемената достапност и пристапноста до енергетска брза храна, заедно со интензивниот маркетинг на таквата храна, би можеле да го објаснат вишокот на конзумирање и зголемувањето на телесната тежина кај различни популации.”

Тие додаваат дека намалените нивоа и можности за физичка активност, кои дојдоа со зголемување на урбанизација исто така се потенцијални причини, но додаваат дека тие „веројатно нема да имаат голем придонес.”

„Во текот на изминатата деценија, бројни интервенции беа испитувани, но постојат многу малку докази за нивната долгорочна ефективност”, вели д-р Ашкан Афшин, доцент за глобално здравство на Заводот за здравствена метрика и евалуација, кој го предводеше истражувањето.

„Во текот на следните 10 години, ние ќе работиме тесно со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, за следење и оценување на напредокот на земјите во контролирање на телесната тежина и дебелина,” рече тој, додавајќи дека неговиот тим ќе ги споделат податоците и сознанијата со научници, политичари и други заинтересирани страни кои бараат стратегии врз основа на докази за решавање на овој проблем.

„Ние треба да ги контролираме последиците од дебелината многу подобро на глобално ниво … и да им помогнеме на луѓето кои се дебели да изгубат тежина”, рече Данаеи.

„Овде ни требаат истражувања и јавни здравствени интервенции.”