„Една може“ започнува иницијатива за поддршка на еднородителски семејства во ризик

„Заедно во се’! – Емпатија, солидарност, споделување“ се вика иницијативата која денес ја започнува грас рут организацијата „Една може!“, со цел поддршка кон еднородителските семејства во ризик.

Според организацијата, се работи за ад хок активности поврзани од вондредната состојба.

„Овие активности се иницирани низ согледување на мноштвото дојави и барања за поддршка од целната група – самохрани мајки, повеќекратно дискриминирани жени и девојки и жртви на насилство. Помеѓу барањата за поддршка, најбројни беа оние на мајки со деца кои само од нив зависат, а биле дел од неформалниот пазар на труд и/или останале без вработување или извори на финансирање поради новонастанатата пандемична состојба предизвикана од Ковид-19“, соопштува работниот тим на „Една може!“.

Дороти Пачкова, предводничка на организацијата, потенцира дека пандемијата влијае на сите сегменти на живеењето. Па, вели таа, здрвствената криза истовремено се рефлектира и како економска и социјална криза и длабоко влијае врз животите токму на најмаргинализираните иднивидуи и заедници.

„Постпандемичната состојба ќе раздени ново утро, каде плодовите ќе ги собираат компаниите и индивидуите кои во овие времиња биле тука за многумината на кои им се потребни. А граѓаните и граѓанките ќе ги наградат со вреднување на заложбите за инклузивно општество, каде не е еден ултимативен победник, туку победуваме над секакви предизвици, пандемии, кризни состојби со заедништво, солидарност, емпатија и споделување“, нагласува таа.

Организацијата ги повикува да се вклучат сите компании во донирање на прехрамбени, хигиенски, дезифициенски и разноврсни добра, со цел, како што велат, сите да бидеме дел од новото, подобро утре.

„Иницијативата ‘Заедно во се’! – Емпатија, солидарност, споделување“ има свои хаштази кои ќе ги обедини сите компании кои ќе донираат, ќе им издаде признаници за учество, а организацијата донациите ќе ги насочи кон најранливите семејства.

Сите активности можат да се следат преку нивната Фејсбук страница.

„Колку повеќе ќе соберат, толку повеќе трпези ќе наполнат и толку повеќе жени и деца ќе имаат пристап кон дезифициенси, хигиенски средства и ќе можат да се самозаштитат, а од Една може! донаторските пакети ќе им ги доставува до праговите на нивните домови“, велат од организацијата“.