„Една може“ создава база на женска академска литература која ќе биде достапна онлајн

Граѓанската организација за родова еднаквост „Една може“ започна со создавање ткн. Женска библиотека. Таа би се состоела од академски трудови, извештаи, анализи, публикации, полиси брифови, студии на случаи, дескрипции, компарации и било каква родово сензитивна, феминистичка и женска академска литература.

Оттаму посочуваат дека Женската библиотека би се користела според Закон за авторското и сродните права и интелектуална сопственост на авторките.

Собраните трудови ќе бидат користени за да се направи база на женска академска литература, која ќе биде објавена онлајн, на веб-страницата на организацијата од каде ќе се мотивираат девојки и жени, да се зајакнуваат преку читање на аргументирани, релевантни документи за унапредување на женските права.

„Доколку сте авторка или ко-авторка на академски трудови, извештаи, анализи, публикации, полиси брифови, студии на случаи, дескрипции, компарации и слично – на кој било јазик! – пополнете го формуларот и придонесете кон создавањето на онлајн база на женска академска литература“, велат од „Една може“.

Формуларот за учество во повикот е достапен на следниот ЛИНК.