Единаесетто издание на фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Во домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница утре почнува единаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.

Во рамки на петдневната програма на фестивалот ќе може да се видат звучни комичарски имиња од Македонија и соседните земји, кои како актери, сатиричари и карикатуристи. Во фокус на фестивалот е театарската комедија.

Фестивалот че трае пет дена, а утре ќе биде отворен со прогласување на најдобрите карикатуристи од конкурсот за карикатура, при што од пристигнатите дела ќе направи заедничка изложба. На театарската сцена прв ќе настапи актерот Сашо Тасевски со „Северно од Македонија“, а во вторник ќе гостува бугарска театарска група од Благоевград со „Живот, макар и краток“.

За среда е најавена Интернационална вечер на хумор, сатира и карикатура кога ќе се промовираат две нови збирки со афоризми, „Женско писмо“ и „Трагачи по парадокси 2“, за вечерта за настапи театарот „Бора Станковиќ“ од Врање.

Во четврток гостува театарот од Лесковац со претставата „Половњаче“, затворањето на фестивалот ќе биде со настапот на актери од Народниот театар од Битола и комедијата „Кокошка“, во режија на стендап комичарот Маријан Ѓоргиевски.