Единаесетто издание на Детскиот литературен фестивал ,,Ракатки”

Детскиот литературен фестивал ,,Ракатки” по 11 пат ќе се одржи на 17 април, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џабаз“. На фестивалската вечер, по почеток во 18 часот, ќе настапат над 30 млади литерати од основните училишта од повеќе места во Македонија.

Покрај поетските и прозните творби со кои ќе се претстават младите творци, учество ќе земат и писателите за деца Драгица Најческа, Есад Бајрам, Стојан Тарапуза, Косара Гочкова и Александар Кујунџиски, членови на Друштвото на писателите на Македонија, а музички гостин е кантавторот Џина Папас Џокси кој со години преку различни програми другарува со најмладите.

Претседател на фестивалот е македонската писателка Славка Арсова, а водител по шести пат ќе биде младиот поет Филип Димкоски.

На 18 април пак во просториите на ДПМ, младите литерати ќе имаат традиционална средба со македонските писатели за деца, а потоа посета на најзначајните знаменитости на Скопје.

Традиционално и годинава ќе биде отпечатен алманах ,,Ракатки 2015″ во кој се поместени сите наградени творби на годинешниот конкурс.